Свет

САД се повторно дел од Париски климатски договор

САД се враќаат во познатиот Париски климатски договор. Претседателот на САД, Џо Бајден, потпиша извршна уредба со која почна процесот на враќање на Соединетите Американски Држави во Парискиот климатски договор. Со тоа е укинат еден од клучните потези на неговиот претходник Доналд Трамп.

Набргу по положувањето заклетва како 46-ти американски претседател, Бајден потпиша серија декрети со кои се укинаа климатските политики на Трамп, кој долго време се спротивставуваше на глобалниот договор за климата потпишан од речиси сите земји во светот, а во ноември 2020 година САД и официјално се повлекоа од пактот.

Во исто време одлуката на САД означи големо намалување на американското финансирање за посиромашните земји. Целта е да им се помогне да ги надминат ефектите од климатските промени.

ЕУ и ОН синоќа го поздравија враќањето на САД во значајниот Париски климатски договор. Францускиот претседател, Емануел Макрон, исто така го поздрави потегот на Бајден. Тој на „Твитер“ напиша: „Добредојдовте назад во Парискиот договор“.

На својот прв ден на функцијата Бајден исто така потпиша многу важен указ. Со него се бара преиспитување на сите одлуки на Трамп за ублажување на мерките за заштита на животната средина.

Една третина од населението, најмногу во Африка и Јужна Азија, се соочува со најголеми ризици од климатските промени. Додека побогатите, северноевропски земји ќе бидат најмалку изложени на негативните ефекти на тие промени. Ова се наведува во извештајот на британската фирма „Мејплкрофт“, којашто е специјализирана за анализа на ризици.

Проблемите со климатските промени не се нови и ги тиштат сите земји во светот. Веќе се чувствуваат во многу области. Особено во земјоделството. Таму секоја година се забележуваат катастрофални резултати. Од една страна помали приноси, од друга страна полош квалитет. Во Македонија, речиси е невозможно квалитетно производство на отворено. Експертите советуваат да се произведува во пластеници. Во друг случај со користење на зелената мрежа.

извор: Макфакс

Препорачуваме:

Пожар кај Света Гора, можно е да го зафати најстариот манастир

Ѓ. K.

Јанош Лазар: САД сака да ја наполни Европа со муслимански бегалци

Триумфот на австриските десничари!