• Fri. May 17th, 2024

Пожар кај Света Гора, можно е да го зафати најстариот манастир

ByЃ. K.

Jul 8, 2023

Утрово околу седум часот по грчко време е пријавен пожар во шумската област Света Гора, во близина на манастирот Света Лавра.

  • Овој манастир е најстар и прв во хиерархијата меѓу манастирите на Света Гора, а грчкиот функционер задолжен за таа монашка заедница Аристос Касмироглу за веб-страницата Vima orthodoxias изјави дека пожарот гори, но дека е под контрола.

За гаснење на пожарот на терен се испратени четири канади, додека и хеликоптерот се обидува да испушти вода.

Покрај тоа, во борбата учествувале единаесет возила со 43 пожарникари и три екипи на пешадиската дивизија.

Пожарот е во тек во шумскиот дел на Света Гора, додека во областа дува ветрови од пет бофори, пишува Прототема.

By Ѓ. K.