• Sat. May 18th, 2024

Просечната нето плата во ноември била 27.588 денари

ByВане Трајков

Jan 21, 2021
исплата пензии, пари

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен за ноември во 2020 година изнесувала 27.588 денари што е за 7 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2019 година. Просечната, пак, бруто плата изнесува 41.141 денар и за 7,4 отсто е повисока во однос на ноември во 2019 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите Уметност, забава и рекреација за 11,2 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 11,2 и Образование за 9,5 отсто.

Намалување на просечната плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,1 отсто, Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината 3,6 и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 3,4 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *