• Mon. May 20th, 2024

Почина спикерката Бранка Станковска

Замина едно од најомилените лица од телевизиските екрани на минатиот век. Почина спикерката Бранка Станковска. На 90 годишна возраст си замина жената чиј глас беше препознатлив од вестите на Македонската радиотелевизија.

Таму, таа го помина целиот работен век од 1948 до 1987 година, вкупно 39 години до заминувањето во пензија.

Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје. Eмитувана e преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски „Весник“. Со тоа го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија. Беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран.

Прочитајте: Докторката Катерина Кузмановска нова директорка на струмичката општа болница

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *