Регион

Отворено за корупцијата во спортот – со фокус на мерката ваучери-конференција во Струмица

Промена на законската регулатива, но и начинот на доделување спортски ваучери и транспарентно објавување за што и како се трошеле парите од ваучерите. Ова се дел од заклучоците од денешната конфернеција на тема ,, Отворено за корупцијата во спортот во фокус мерката ваучери“ организирана од Владата а на која беа присутни повеќе спротски работници. Вицперемиерката Славица Грковска кажа дека конфернецијата била плодна и излегле доста заклучоци.

Агеницијата за млади и спрот смета дека потребна е промена на законската регулатива за поефикасна распределба на спротсктие ваучери, но и како тие пари од државата се трошат. Потребен е контролен механизам  врз федерациите кои се еден од најзначајните филтри за тоа кој колку треба да добие.

На иста линија беше и минситерот за правда Тупанчески кој смета дека треба да се има контрола каде и за што завршуваат парите

Денешната конференција во Струмица е дел од низата што ги организира заменик претседателот на владата задолжен за добри политики на владеење.

Препорачуваме:

Ниските температури можат да уништат се што е расцветано, предупредуваат земјоделските стручњаци

Dimitar Micev

Свадби од јуни?!

Започна изградбата на црквата „Св.Никола“ во село Црничани (Дојранско)

Ѓ. K.