• Sun. May 19th, 2024

Ниските температури можат да уништат се што е расцветано, предупредуваат земјоделските стручњаци

ByDimitar Micev

Mar 22, 2018

Ниските температури можат да уништат се што е расцветано, предупредуваат земјоделските стручњаци. Врнежите од снег и падот на температурите што ја зафати цела држава, можат да предизвикат штети кај сите растенија кои се во фаза на цветање. Игор Ивановски, магистар по земјоделски науки вели дека во овој период кога има и нагло заладување, плодовите, односно расцветаните растенија се осетливи до два степени под нулата.

За да ги заштитат своите растенија, потребно ќе биде дополнително загревање во затворените пластеници. Ивановски советува раноградинарите почесто да вршат наводнување, бидејки со испарувањето на водата се ослободува енергија, па температурата внатре во пластениците ќе се искачи на три до пет степени над нулата, со што растенијата полесно ќе ги пребродат овие ниски температури.

Кај раните сорти на сливи, праски и кајсии може да дојде до проретчување на родот, велат стручњаците.Снегот и минусните температури ќе се задржат и во наредните денови. Стабилизација на времето се очекува од недела за кога синоптичарите најавуваат повисоки температури и врнежи од дожд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *