• Sun. May 19th, 2024

Францускиот предлог пред стратешкиот совет на МНР

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, синоќа го свика Стратешкиот совет за надворешна политика со цел одржување на консултации за предлогот на ЕУ за почеток на преговорите за членство на Македонија.

Стратешкиот совет претставува еден од столбовите за изградба на долгогодишната стратегија за надворешна политика на Северна Македонија, во процесот кој се иницираше минатата година од страна на Министерството – Рефлексија 2030.

Османи на состанокот детално ги образложи главните елементи од последниот предлог, кои, како што рече, не задираат во идентитетските прашања и после речиси две децениски кандидатски статус овозможуваат да се отвораат заслужените пристапни преговори.

„Во светло и на пошироките геополитички импликации, како резултат на руската агресија врз Украина и потребата од политичка стабилност и предвидлив развој на нашиот регион, продолжувањето на нашите европски интеграции особено добива на значење.“, нагласи Османи.

Од МНР коментираат дека консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *