Забава Регион

Осум години без Иван Василевски

Денеска се навршуваат осум години од смртта на Иван Василевски, поет, новинар, прозаист, драмски писател и публицист.

Роден на 10. септември 1947 во Босилово. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Во два мандата беше член и на Претседателството на ДПМ. Бил член на Здружението на новинарите на Македонија. Членувал и во Сојузот на новинарите на поранешна Југославија. На Студентскиот литературен клуб „Мугри ’59“ и на редакцијата на списанието на ДПМ „Стожер“.

Основно образование завршил во Босилово, гимназија во Струмица и Филозофски факултет (сега Филолошки факултет „Блаже Конески“) при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, група: Југословенска книжевност. Лектор е по македонски јазик.

Учествувал на бројни домашни и меѓународни книжевни манифестации, како што се Струшките вечери на поезијата, на првиот Југословенски фестивал на млади литерати во Загреб, на интернационалнителитературни средби во Нови Сад, Суботица, Сараево, Белград, Загреб, Љубљана и др., каде што освојувал престижни награди и признанија.

Преведуван е на српски, хрватски, словенечки, бугарски,англиски, германски, албански и на турски јазик.

Творештвото на Василевски

Во рамките на своето четиридецениско литературно творештво објавил седум збирки поезија:  Привев во тишината(Самоуправна интересна заедница за култура, Струмица 1977); Црнорисци(Центар за радио и новинско-издавачка дејност, Струмица 1990); Куќа на ѕвездите (Матица македонска, Скопје 1994); Заточени души (Формика дизајн, Скопје 2001); Утки (Макавеј, Скопје 2008);Кула во сонот (Дијалог, Скопје2013)и Манастир во зборот (Дијалог, Скопје 2015). Автор е на шест поеми Наташа(Алманах на гимназијата „Јане Сандански“, Струмица 1966); Поеми за тишината (Во збирката Привев во тишината, Самоуправна интересна заедница за култура, Струмица 1977 – преиздадена под наслов Повеј во тишинатаво збирката поеми Одмеѓување на светот, Дијалог, Скопје 2011); Александар (Формика, Скопје 1997); Петнаесетте (Општина Струмица, 2006); Потомците на Чрт (Во збирката поеми Одмеѓување на светот, Дијалог, Скопје 2011) и Азбукословецот (Детска радост, Скопје 2013)како и на драматаЛоза(Дијалог, Скопје 2012).

Како публицист, самостојно или со коавтори ги објавил и книгите: Збратимени општини (Белград, 1977); 30 години кошарка во Струмица (Рудник за неметали „Огражден“, Струмица 1979);Антон Хлебец (на српски, „За победу“, Скопје1985; на македонски, Студентски збор, Скопје 1986; и на словенечки, Самоуправна заедница за култура, Требње 1987); Струмица, илустрирана монографија на македонски и на англиски јазик (Општина Струмица, 1996); Чекори по ѕвездените штици(Народен театар „Антон Панов“, Струмица 1999); Струмичани, енциклопедиски именик (Општина Струмица, 2003); Борис Трајковски – македонска тага и гордост(Општинска матична библиотека „Благој Мучето“, Струмица 2004); Благој Истатов – македонска фудбалска легенда (Македонски олимписки комитет, Скопје, 2004)и други.

За  „Утки“ ја доби наградата „Ацо Шопов“ на Дрштвото на писателите на Македонија за најдобра збирка поезија во 2008 година. За збирката поеми Одмеѓување на светот во 2012 година ја доби наградата „Дијалог“ за најдобра поетска книга во 2011 година, а лауреат е и на високото книжевно признание „Григор Прличев“ за најдобра необјавена поема на македонски јазик во 2013 година.

Застапен е во 130-томната едиција Македонска книжевност – том 92 Современа македонска поезија, на македонски и на англиски (НИД „Микена“, Битола, 2008), во антологијата Убавите жени – жената во современата македонска поезија(Скопје, 2001) и во други избори на поезија.

Во два наврата ја добил годишната награда на Општина Струмица за книгите Антон Хлебец и Струмичани.

Во 2013 година ја доби и наградата на Општина Струмица за животно дело „11декември“.

Добитник е и на Плакета на Сојузот на резервните воени старешини на Југославија.                                                                      

Новинарска кариера

Како новинар и уредник работел во повеќе македонски и југословенски редакции. Работел во Радио Скопје, Радио Струмица, Танјуг, во Македонското прес биро и во Македонската информативна агенција МИА. Соработувал и во белградските дневни весници.  Вечерње новости, Борба и Политика, а пишувал и за повеќе македонски и југословенски ревии. Добитник е на јубилејната плакета на Новинската агенција ТАНЈУГ (1984) и на дрги награди и признанија во областа на новинарството.

Почина на 28 март 2015 година.

Препорачуваме:

Планинарот Благој Ѓузелов на гости во кабинетот на градоначалникот Костадинов

Ѓ. K.

Бруталното претепување во центарот на Струмица стана предмет на Јавното обвинителство

Неопожарениот дел од трговскиот центар Глобал се враќа во функција