Регион

Бруталното претепување во центарот на Струмица стана предмет на Јавното обвинителство

Бруталното претепување во центарот на Струмица стана предмет на Јавното обвинителство

Јавното обвинителство ќе го расветлува случајот со масовната тепачка во центарот на Струмица. Засега се прибираат докази за настанот, а кога ќе се комплетира случајот ќе се информира јавноста, велат од основното јавно обвинителство Струмица.Расправијата според очевидци почнала уште во казиното Принцес, каде вработена девојка била вербално нападната и и се заканувале со ножеви и секири. Според нејзината објава на фејсбук, станувало збор за неколкумина жители на село Баница кои биле во казиното. Од казиното Принцес денеска не сакаа да го коментираат случајот, а девојката не била на работното место.Од струмичката општа болница велат дека кај нив е донесен еден пациент од посочениот настан, којшто бил пратен на ренген каде што му е констатирана скршеница на носот. По укажаната лекарска помош, заминал на домашно лекување.

Препорачуваме:

Поскапеа бензините и нафтата, кои се новите цени?

Во Струмица 21 новоинфициран и еден почнат од ковид

Сузана Мицева

Со донација од семејството Костадинови детската градинка „Виножито“ го зголеми капацитетот за згрижување деца

Ѓ. K.