• Thu. May 16th, 2024

Договорен откупот на вишокот тутун

Договорен откупот на вишокот тутун. Владата ја усвои информацијата за состојбите за откуп на тутун од реколта 2020 година. Заклучи да му се укаже на Тутунскиот комбинат да ги преземе сите активности да се откупат дополнителни 700 тони. Тутун од вишокот од последната реколта.

Како доминантен сопственик на Тутунскиот комбинат – Прилеп, Владата преку својот претставник во ова акционерско друштво ќе иницира постапка. Овој заклучок ќе се реализира на собранието на акционерите на Тутунскиот комбинат –  Прилеп.

Владата издаде задолженија за неколку министри. Заменик-претседателот на Владата за економски прашања,  министерот за земјоделство, и министерот за финансии во рок од 15 дена од ковид-програмата да обезбедат привремена финансиска поддршка. Намената е за откуп на тутун со рок на враќање 10 декември 2021 година.

На седницата Владата ја усвои и информацијата дека неколку откупни претпријатија изразија подготвеност да откупат уште речиси 600 тони од вишокот тутун од реколтата 2020. Како и информацијата дека Тутунскиот комбинат – Прилеп ја презема реализацијата на 785 договори од „Далија табак“ – Делчево за откуп на тутун од производителите. Оваа компанија не ги обезбеди потребните средства за откуп на 455 тони предвидени со овие договори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *