• Thu. May 16th, 2024

Планинарот Благој Ѓузелов на гости во кабинетот на градоначалникот Костадинов

ByЃ. K.

Nov 22, 2023

Градоначалникот Костадинов денеска лично му ги честиташе храброста и успехот на нашиот сограѓанин, планинарот Благој Ѓузелов.

Пред неполн месец тој како член на македонската експедиција го искачи врвот Ајланд Пик, висок 6.165 метри на Хималаите во Непал.

На средбата се разговараше за овој негов најнов планинарски подвиг, искушенијата со кои се соочил во постигнувањето на целта и неговите следни планови.

By Ѓ. K.