Спорт

Победа на Џио Струмица и го задржа максималниот учинок

Последниот освојувач на двојната круна во македонската машка одбојка, екипата на Џио Струмица, беше доминантна во дербито на третото коло од Втората фаза-1 во Првата лига. На гостувањето кај Вардар, во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, струмичани славеа со 3:0 (25:21, 25:16 и 25:15) и го продолжија побеничкиот чекор којшто трае од почетокот на сезоната.

Противникот значително го промени играчкиот кадар во зимскиот преоден рок, но странските засилувања немаа квалитет за да му парираат на искусниот ривал којшто не играше со целиоткапацитет, а сепак стигна до 12. триумф во шампионатот и има максимални 36 бода. Џио Струмица беше подобра во сите елементи, а дури и кога грешеше и подаруваше поени, како во првиот сет, тоа успеваше да го надополни со подобар прием, со реализација на напад и со блок, така што во ниту еден момент не ја доведе во прашање победата на гостувањето во Скопје.

Владо Милев беше најефикасен со 14 поени, Васе Михаилов освои 10, средните блокери Николов и Наков по 9, а Урдов застана на 7 пред да му отстапи место на Костиќ, кој реализираше 8. Кај Вардар, Бугаринот Колев запиша 8 поени, неговиот сонародник Топалов заработи 4, Американецот Чапел со 5, исто како и Димковски.

По третиот пораз сезонава, втор во меѓусебните дуели од Џио Струмица, црвено-црните му ја препуштија втората позиција на Универзитет во Тетово, кој има подобар сет-количник во пресрет на домашниот натпревар со Вардар во наредното коло. Струмичкиот тим ќе оди во Велес кај ГОК Борец.

фото Гол

Препорачуваме:

Ковачевски ги испрати фудбалерите и вети премија од 500 илјади евра за пласман на СП

Ване Трајков

Астраионци со подршка од трибините, планираат победа против непоразениот и лидер Металург јуниор

Кошаркарите на Струмица со само пет поентери, поразени – ,,соколите,, во Скопје пресилни