Забава

Објавена монографијата „Сликарството на Ниче Василев“ по повод половина век творештво на уметникот

Објавена монографијата „Сликарството на Ниче Василев“ по повод половина век творештво на уметникот. Монографијата е во издание на здружението за култура „Транзен“

Во изданието се застапени 150 репродукции на Василев во боја, а застапени се и текстови на Тони Ќосев, Ниче Василев и Васко Ташковски. Уредник на монографијата е уметникот Никола Пијанманов, а дизајнот Горан Јованов.

Роден 1948 година во село Дабиле, струмичко.Основно образование  завршил
во родното место, а, училиште за применета уметност во Скопје 1969 година. Истата
година  добива две награди: Прва наградата за цртеж на град Скопје, во
акцијата, младите во културата и уметностаи и Втора (откупна) награда на сојузот
на социјалистичка младина на Македонија. 

Студиите ги продолжува(1970/71) на националната академија  за ликовни
уметности (отсек текстил) во Софија, Република Бугарија.Во 1974 студиите ги
продолжува во Варшава, Полска, на академијата за ликовни уметности-отсек
сликарство, во класата на проф. Лудвиг Мачонг. Својата прва самостојна изложба ја
приредува година дена пред дипломирањето, во галеријата „Проксима“`, во
организација на Сојузот на студенти на Полска. 

Есента 1978 година, како стипендист на општина Струмица стапува на
работа  како сценограф во народниот театар во Струмица, а подоцна  како
професор во средните училишта во Струмица. 

Во 1980  станува член на ДЛУМ. Во својата богата ликовна кариера има
добиено неколку награди и признанија, како:-Откупна награда на 17-от априлски
салон во Добој 1974 (Би Х), Наградата за ликовна уметност во Варшава 1976; Откупна
награда-југословенски портрет,Тузла 1987(БиХ); Наградата „Димитар Пандилов“ на
ДЛУМ 2000 и 2008 година;Наградата “Методија Ивановски-Менде“ КИЦ Скопје,2000.
Наградата-највисоко  општинско признание на Струмица за допринос во областа
на културата ја добива 2004. 

Наградата на „Остен“,светска галерија на цртеж, биенале на цртеж ја добива
во 2012. 

Самостојни изложби

Во досегашнта уметничка дејност Ниче василев има реализирано над 29 индивидуални изложби,почнувајки од 1977 година.Излагал во Варшава,Мадрид,Скопје,Крањ,Штип,Софија,Битола,Струмица,Шедлице –Полска,Анкара,Велес  ,Штум-Барловице-Полска,Гевгелија.Груец,Полска

Групни изложби

Учествувал на  повеќе од 15 заеднички изложби,како во Добој,Струмица,Врбас,

Смољан(Бугарија)Загорје на Сава(Словенија),Белград,Тузла(БиХ),Устка-Полска,Горни Милановац ,Софија  и Скопје.

Препорачуваме:

Анета од Радовиш со недобитен инстант лоз ЕКО СКУТЕР доби 150.000 денари бонус

Почина поетот и академик Радован Павловски

Сузана Мицева

Украина е победник на Евровизија