Забава

Ненадејно почина пејачот Мирчо Чуков

Денеска попладне, ненадејно почина пејачот Мирчо Чуков. Веста брзо се прошири на социјалните мрежи, каде неговите пријатели со неверување ја коментираа ненадејната и прерана смрт на пејачот.

Неофицијално, Чуков се подготвувал за вообичаените настапи кога одеднаш му се слошило. И покрај укажената медицинска помош, починал, коментираат пријателите на пејачот.

Инаку Чуков е машкиот вокал од познатата група Интервали, во која настапуваше заедно со сопругата Снежана. Групата постои повеќе од 30 години а заедно испејаа голем број хитови како „Ех да сакаш“, „Плачела“, „Ноќта е створена за грев“, „Те молам немој“ и многу други.

Препорачуваме:

Момче го преспало целото патување, па девојка му побарала од Интернетот да му покаже што тој пропуштил

Почина Енио Мориконе

Сузана Мицева

Дали сте суеверни за „баксузниот“ петок 13?

Сузана Мицева