• Fri. May 10th, 2024

Владата и СОНК постигнаа договор

По повеќе од три часа преговори, Владата и СОНК постигнаа договор. Успеаја да договорат 12 процентно зголемување на платите на наставниците.

„ Се усогласивме со ставовите во рамки на можностите на државата и што може да се издвои за зголемување на платите во основно и средно образование, дојдовме до заеднички процент на зголемување на платите што ќе започне да се исплаќа од месец јули… Се работи за 12 проценти на сегашните плати со додатоци тие што следуваат“ рече Неделков по преговорите во Владата.

Со настава би се почнало во среда, со оглед дека утре СОНК ќе има консултации со членството. До утре навечер ќе имаат конечна одлука за штрајкот. Дали ќе се продолжи учебната година, дополнително ќе се анализира со Министерството за образование, рече Неделков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *