Регион

Над 300 странски студенти го учат македонскиот јазик на УГД

Се зголемува бројот на странски студенти на факултети при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Деканката на Филолошкиот факултет, професор доктор Драгана Кузмановска вели дека најголем дел од нив студираат медицина. Студенти има од голем број земји.

На институтот за јазик при Филолошкиот факултет има над 300 студенти од странство. Според Кузмановска, оваа е значајна бројка бидејќи е важен секој странски познавач и говорител на македонскиот јазик.

Инситутот за јазици функционира веќе десет години. Од Универзитетот Гоце Делчев велат дека ниските трошоци за студирање, големиот избор на студиски програми и професионалниот и пријателски однос од професорите се причина за големиот интерес на странски студенти.

Препорачуваме:

Потенцијалите на Југоистокот промовирани пред преставници на дипломатскиот кор во земјава

Ване Трајков

ПРЕМОСТУВАЊА – Изложба на дигитални дела на Стефан Јакимовски во Струмица

Ѓ. K.

Преку Грантоваата шема на МЛС и Шваајцарската амбасада ќе се градат фотонапонски централи на кровови во Радовиш

Ване Трајков