Регион

МЕМОРИЈАЛНА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ВО ГЕВГЕЛИСКОТО СЕЛО НЕГОРЦИ

Дворот на детската градинка во Негорци ќе го красат 38 јасенови дрвја што во чест и сеќавање на Игор Мицев, член на културно уметничкото друштво „Негорци“ кој почина на 38 години, беа засадени по иницијатива на негови сограѓани, пријатели и блиски роднини.

Садниците ги обезбеди подружницата на Шумското стопанство „Кожуф“ од Гевгелија, а во акцијата учествуваа и претставници на локалната самоуправа од Гевгелија, предводени од градоначалникот Сашо Поцков.

-Општина Гевгелија со ваквите акции, без разлика на поводот за нивно организирање, ќе продолжи и во иднина и секогаш ќе ги подржува бидејќи еден од нашите приоритети е да создадеме модерна, зелена и европска општина Гевгелија, изјави Поцков.

Организатори на акцијата беа општина Гевгелија, јавното комунално претпријатие од Гевгелија и централната градинка „Детска радост“.

Препорачуваме:

Локалните и регионални медиуми надежта за опстанок ја гледаат во Фондот за поддршка на медиумите

Ване Трајков

По 15 години струмикиот театар со „Циркус Пирандело“ се враќа на МОТ

Струмичани бараат вакцинален пункт во регионот