Свет

Меркел: Европа е на тенок мраз во борбата против Ковид-19, „делта“ сојот закана за напредокот

Германската канцеларка Ангела Меркел денес изјави дека Европа е на тенок мраз во борбата против коронавирусот, бидејќи заразниот сој „делта“ се заканува да го поништи напредокот постигнат во намалувањето на инфекциите.

Во обраќањето до парламентот, Меркел рече дека понатамошниот одговор на пандемијата ќе биде главна тема на дискусија на денешниот состанок на лидерите на Европската Унија во Брисел, пренесуваат агенциите.

Таа истакна дека бројот на новозаразени случаи со Ковид-19 во европскиот блок од 27 члена продолжува да опаѓа, додека стапката на вакцинација се зголемува.

“Сепак, иако има причина за надеж, пандемијата не е завршена, особено во сиромашните земји во светот. Но, исто така, во Германија и Европа, ние сè уште се движиме по тенок мраз”, рече Меркел.

Препорачуваме:

Борисов: Балканот треба да заборави на Голема Албанија, Голема Бугарија, Голема Грција, Голема Србија или Голема Македонија

Иран и Русија со договор вреден 40 милијарди долари

Преку 40 илјади новозаболени од коронавирус во светот за 24 часа

Сузана Мицева