Регион

Кинеските вакцини ќе слетаат во недела

Кинеските вакцини ќе слетаат во недела

На денешната средба со новинарите на прашање кога се очекува да стасаат кинеските вакцини министерот Филипче рече:

-Кинеските вакцини, сите заедно со два авиони стигнуваат во недела, во 14 часот и во 16 часот, по 250.000 слетуваат на ародромот во Скопје.  Веќе е направен план за складирање на две места, во поликлиниката „Јане Сандански“  и на Институтот за судска медицина, каде има доволен капацитет да се сместат во студените соби. Непосредно по добивањето на дозвола за пуштањето на сериите во промет, а се надеваме дека тоа ќе биде понеделник или вторник, поради тоа што во Агенцијата за лекови веќе се спремни и ги очекуваат сите документи, а дел се веќе електронски веќе пристигнати пред пратката и ќе се дистрибуираат нниз државата, рече Филипче и додаде дека Фајзер се очекува да пристигнат утре и дека тоа се тие околу 100.000 вакцини преку Ковакс системот.

Препорачуваме:

Поставено модерно и штедливо осветлување на улица „Младинска“ во Струмица

Ване Трајков

Ковид-центарот во Струмица повторно полн пациенти

Сузана Мицева

Кучиња скитници каснаа луѓе во Скопје, Радовиш и Кавадарци

Ѓ. K.