• Thu. May 16th, 2024

Иран и Русија со договор вреден 40 милијарди долари

Рускиот претседател Владимир Путин во Иран на првотo меѓународно патување надвор од границите на поранешниот Советски Сојуз по започнувањето на неговата инвазија на Украина, која практично ги прекина врските со Западот.

Путин се сретна со иранскиот претседател Ебрахим Раиси во Техеран и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 

– Многу сум задоволен што сум на гостопримливата иранска почва…Можеме да се пофалиме со рекордни бројки во однос на растот на трговијата. Ја зајакнуваме нашата соработка за меѓународни безбедносни прашања, давајќи значаен придонес во решавањето на сирискиот конфликт – рече Путин на билатералната средба со Раиси. 

Раиси, исто така, ја поздрави „значајната“ посветеност на безбедносната соработка меѓу двете земји, велејќи дека двете земји имаат „добро искуство“ во борбата против тероризмот.

Исто така во вторникот, иранската национална нафтена компанија потпиша договор во вредност од 40 милијарди долари со руската државна компанија за гас Гаспром, според изјавата на Шана, новинската агенција за иранското Министерство за нафта. Договорот вклучува развој на полиња на ирански гас и изградба на нови гасоводи за извоз на гас

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *