Спорт

Македонска репрезентативка замина на тест во Хајдук Сплит

Македонската фудбалска репрезентативка Викторија Недева е на прагот да стартува интернационална кариера затоа што моментално е во Хрватска каде е на тест во Хајдук Сплит.

19-годишната фудбалерка која настапува во дефанзивата веќе пет сезони игра професионален фудбал во Македонија. Шансата ѝ ја даде Тиверија Струмица, нејзиниот клуб кој е познат по работата со млади фудбалерки.

А-репрезентативката на Македонија замина за Сплит каде ќе мине тест-период во Хајдук, а потоа голема е веројатноста да стави потпис и на професионален договор. Неколку фудбалерки од Македонија се дел од хрватскиот шампионат.

Хајдук моментално се наоѓа на четвртото место во хрватската Суперспорт лига со 16 освоени бода.

Препорачуваме:

Астраионци со победа над Прилеп го завршија есенскиот дел, ќе презимат на втората позиција

Ване Трајков

Гевгелија ќе биде домаќин на кошаркарски турнир

Ване Трајков

Фотогалерија – КБК Тим Зоран со дури 11 медали на последното државно првенство