Спорт

Кој е Марјан Живковиќ новиот стратег на струмичка Беласица

Струмичка Беласица експресно најде замена на Раде Цицмиловиќ кој си поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб заради немање УЕФА пролиценца. Нов кормилар на струмичките сино бели е 45 годишниот Марјан Живковиќ од Пирот Србија од каде ја почнува својата фудбалска кариера и му трае се до 2005 тата кога игра за белградски Хајдук.  Како фудбалер настапувал во Могрен, Раднички Ниш, Обилиќ, Литекс, ОФК Белград но и во кинескиот Нанџик. Одиграл вкупно 220 натпревари и има постигнато 15 голови.

Тренерската кариера ја започнува од 2006 со матичниот клуб од Пирот па се сели  во Колубара, Обилиќ, белградски Хајдук, Нови Пазар и кинескиот Шенјанг Донгџин.

Според познавачите станува збор за тренер со големо искуство и човек кој бара пред се дисциплина.

Пред него има огромна задача со оглед дека за десетина дена стртува новиот прволигашки фудбалски шампионат на Македонија

,,Искусниот Живковиќ кој во минатото ги има водено екипите на Раднички Приот, Обилич, Хајдук Белград, Нови Пазар и кинеската екипа на Шенјанг Донгин од денеска е нов шеф на стручниот штаб на ФК Беласица.Му посакуваме добредојде и многу успех во престојната сезона.,, пишува на фб страната на струмичкито првлигаш

 

 

Препорачуваме:

Во СОУУД „Димитар Влахов“ отворено Државното првенство во ФУТСАЛ за основните училишта

Ѓ. K.

Скопје ја победи Академија Пандев во гости

Сузана Мицева

ФК Беласица организира турнир за фудбалери родени 2004 со осум екипи – Беласица КУП