Спорт

ФК Беласица организира турнир за фудбалери родени 2004 со осум екипи – Беласица КУП

ФК Беласица од 14 до 16 декември на комплексот кај стадионот Младост организира турнир за фудбалери родени 2004 тата година.На турнирот ќе учествуваат осум екипи поделени во две групи. Во групата 1 се екипите на Беласица, Пелистер од Битола, Јанг тим од Струга и Фудбалската школа Кул од Скопје. Во Групата 2 се екипите на Академија Пандев, Победа од Прилеп, Арсенал од Приштина и Вардар од Неготино

Мечевите од Беласица КУП ќе стартуваат во петок на 14 декември со мечот Академија пандев – Вардар Неготино по што следуваат Пелистер -Кул, Беласица – Јанг Тим и Победа- Арсенал. Елиминационите натпревари по групи ќе се играт две полувремиња од 25 минути а полуфиналните и финалните мечеви по 30 минути.

Двете најдобри екипи од двете групи ќе играат полуфинале а победниците се среќаваат во финалето. Освен наградите за најдобрите три екипи ќе има награди и за најдобар фудбалер, голман и стрелец

Препорачуваме:

Беласица и Академија Пандев добија лесни противници за првото коло од КУПОТ

Кадетите на Астраион кои не знаат за пораз, се поблиску да играат за Шампионска титула !!!

Ване Трајков

Гласајте – ФФМ ги избира најдобрите во мак фудбалот за последната сезона – номининации од Академија Пандев и ЖФК Тиверија