Спорт

Видео: Пандевци ги почнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната

Сениорскиот тим на Академија Пандев ги започна со подготовките за пролетниот дел во ПМФЛ. Тренерот Александар Васоски ги има на располагање 27 играчи, а кон тимот се приклучени и неколку фудбалери од младинскиот тим. Новитет во стручниот штаб е Томе Пандев кој се враќа на позицијата тренер на голмани.

Закажени се 11-дневни подготовки во Анталија (Турција), каде се заминува на 21-ви јануари. До заминувањето во Анталија ќе се одигра една пријателски утакмица против Брегалница Штип на 19-ти јануари.

Препорачуваме:

Победи на Макс и Наковски , порази за Џио и Виктори – епилог од последното одбојкарско коло

Победа на Макс Струмица против Работнички

Ване Трајков

Фотогалерија: Фудбалерот Сашко Пандев стана угостител – отвори кафеана ,,Мерак”