Регион

Костадинов: Младинска мора да се нивелира

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов вечерва изјави дека улицата Младинска мора да се нивелира. Ова е коментарот на струмичкиот градоначалник по вечерашното второ невреме во овие два дена. Силниот дожд повторно ги поплави подрумите и просториите за домување на куќите од оваа улица, а граѓаните до доцна во ноќта се обидуваат да ја испумпаат водата.

„После второто невреме денес, со помал интензитет, зголемено ниво на вода со околу 25 цм единствено од цел град има на дел од улица Младинска која претставува една од пониските коти во градот.Не можеме денес да го решиме проблемот со нивелацијата но најитно се заложувам со изработка на проект за реконструкција на улицата и трајно решавање на овој проблем.Дополнително ќе започнеме со дронско снимање на одводните канали за да јавно ги објавиме сите објекти кои се изградени врз одводните канали а кои предизвикуваат потешкотии во одводнувањето при такви обилни врнежи од дожд.Замолувам на разбирање, замолувам на трпение од страна на засегнатите граѓани,“ вели тој.

Градоначалникот меѓу другото реагираше и на коментарите на социјалните мрежи што ги оставаат гневни поплавени граѓани:

„Сите екипи се на терен и Комуналец и ТППЕ Струмица и општинската администрација и советниците и излегуваме во пресрет.Јас сум толерантен и трпелив човек, но запрепастен сум од фејсбук хероите кои кројат дневно партиски ставови триејки раце од невремето.Мене не ме интересира чиј подрум е поплавен, мене не ме интересира која партија се луѓето кои се поплавени, јас не се радувам со невремето, јас сум градоначалник и нивни но и ваш кои се ситите на несреќата на луѓето.И вас ќе ве разберам и ќе ви простам,“ напиша Костадинов на својот фејсбук профил.

Препорачуваме:

Очекувам соработка со Советот за брз прогрес на општината на сите полиња, рече градоначалникот Јаневски на првата седница на Советот

Кај Гевгелија приведено лице кое се товари за криумчарење мигранти

Ване Трајков

СВР: Точење алкохол на малолетници во угостителски објект во Радовиш