Регион

Очекувам соработка со Советот за брз прогрес на општината на сите полиња, рече градоначалникот Јаневски на првата седница на Советот

Првиот човек на општиина Струмица Коста Јаневски беше присутен на денешната конститутивна седница на Советот и ги поздрави сите членови при што од нив побара максимално залагање во интерес на сите граѓани на општината

,, Очекувам како нов Градоначалник уште од самиот старт да воспоставам добра соработка со Претседателот на Советот и со сите советници, оти таквата соработка е повеќе од неопходна за доброто на општината и сите нејзини граѓани. Како поранешен член на Советот подготвен сум да ги споделам моите стекнати искуства со сегашните советници. Апелирам до сите советници и од опозицијата и од позицијата заеднички да работиме за интересите на граѓаните. Искрено се надевам дека само на тој начин ке овозможиме брз прогрес на општината на сите можни полииња. Граѓаните тоа го очекуваат од нас и ние сме должни да ги исполниме тие очекувања,, рече Јаневски

Препорачуваме:

Фото- Учениците од Ангелци и Градашорци со ,,Велигденски сладок панаѓур,,

Ване Трајков

Пожарот кај Костурино ставен под контрола, се гаси со 6 возила од Струмица и Валандово

Ване Трајков

Струмица ќе биде домаќин на главното финале на меѓународниот музички фестивал за млади таленти „Ритамот на Европа“

Ѓ. K.