• Fri. May 17th, 2024

Во петок „Ден на пријателство меѓу С.Македонија и Италија“

На 3.6.2022 година, на Плоштадот на град Струмица, ќе се одржи општествен настан, посветен на Денот на пријателството меѓу Северна Македонија и Италија. Настанот е организиран од Здружението за промоција на италијанскиот јазик и култура Quo Vadis Ad Astra, во соработка со Општина Струмица и Амбасадата на Република Италија во нашата земја.

Како гости на настанот, доаѓаат „знаменосците“ од Тоскана – Città di Castiglion Fiorentino. Групата се занимава со средновековна уметничка игра со знаме и којашто преку визуелен перформанс и ренесансни костими ќе ја прикажат италијанската традиција и култура, умешно изведувајќи богати и спектакуларни кореографии со префинети техники и хармонија на движењата.  

( Историското друштво од Кастиљон Фиорентино заедно со нивните вејачи на знамиња, ја негува и претставува средновековната традиција која датира уште од 13 век, кога секаде низ Европа, а особено во Италија, важните настани, како завршеток на некоја битка или војна, биле прославувани со парада на војниците кои вееле знамиња. Оваа група преку уметничка игра со знаме и костими ќе ја прикажат средновековната италијанска традиција.

Неверојатна изведба која не смее да се пропушти!)

Останати учесници се нашите мажоретки, играорното друштво „Фолклорна низа“почитувачи на богатата македонска култура и традиција , студиото за модерни танци „One Way“, љубители на танци и изведба од ученици од СОУ „Јане Сандански“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *