Регион

Доделени ваучерите на млади струмичани за старт-ап бизниси

Првиот човек на општина Струмица Костадин Костадинов денеска ги додели ги врачи ваучерите од 60 илјади денари на млади струмичаки кои имаа најдобри бизнис планови . Веста ја објави градоначалникот Костадинов на својот ФБ профил исткнување дека една од заложбите  на општината е да го потикне  младинското претприемништво со поддршка на старт-ап бизниси за млади.

,,Денеска го имав задоволството да им ги врачам ваучерите на младите луѓе со најдобри бизнис планови во вредност од по 60.000 денари, но и да ги слушнам нивните бизнис идеи.На денешниот завршен настан му претходеше објавување на Јавен повик, двомесечна соодветна експертска обука за пријавените кандидати и претставување на бизнис плановите пред стручна комисија. На најдобрите млади претприемачи им ги честитам наградите и посакувам успешна реализација на нивните бизнис планови.Ќе продолжиме да ги поттикнуваме младите со нивните бизнис идеи за да имаме економски силна Општина,, напиша Костадинов

Препорачуваме:

Водици во Сачево

Сузана Мицева

250 уметници ги поддржаа струмичките актери

Dimitar Micev

Се очекува зголемена фрекефенција од трактори и запрежни коли- полцијата апелира внимателно возење