• Tue. May 21st, 2024

250 уметници ги поддржаа струмичките актери

ByDimitar Micev

Feb 1, 2021
Антон Панов

250 уметници ги поддржаа струмичките актери со потписи кон иницијативата „Фис-култура или култура“. Во иницијативата ги актуелизираат состојбите во културата во врска со поставувањето на раководни кадри во културните институции во државата. Тие велат: Со ова иницијатива сакаме да дигнеме глас и да покажеме дека културата е еден од битните општествени фактори кои влијаат на квалитетот на живеење и оформување на човечкото битие. И најважно е конечно да се стави крај на партократското владеење со културата, со јавните добра, меѓу кои и културните институции, и да се даде предност со нив да раководат оние, кои се образувале, знаат и умеат! Оваа иницијатива произлегува од незадоволството од конечниот избор за раководител со културната установа НУЦК „Антон Панов“ – Струмица.

Носителите на дејност при НУЦК „Антон Панов“ – Струмица испратија барање до Министерката за култура за итна средба во врска со конкурсот за избор на директор на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица. Во барањето се истакнува дека доколку средбата не се оствари во наредните два дена, уметниците ќе излезат пред Министерството на 4ти Февруари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *