• Mon. May 27th, 2024

Се очекува зголемена фрекефенција од трактори и запрежни коли- полцијата апелира внимателно возење

Со оглед на зголемената фрекфенција на патиштата во струмичкиот регион со запрежни возила и трактори од страна на земјоделците, струмичката полиција апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и учесниците со овие возила да бидат крајно внимателни.

Како што почнува земјоделската сезона така се повеќе по локалните и регионалните патишта ќе има трактори со приколки, запрежни коли кои преставуваат дополнителен ризик за сите учесници во сообракајот. Како што истакна Тони Божиков ( провери ) самостоен инспектор за превенција во сообраќај при СВР Струмица потребно е превентивно да се дејствува за што неодамна имаа и едукативна акција а напоменаа дека ќе ги зачестат контролите.
 
Од СВР Струмица информираат дека во следниот период ќе бидат преземени зајакнати мерки  и активности и контрола на сите видови возила и доколку се констатираат неисправности и непочитување на пропишаните прописи ќе има санкции. Минатата година на подрачјето на СВР Струмица се регистрирани близу 9500 сообраќајни прекрошци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *