Македонија

Консултативна средба за изработка на Рамката за развој МКД2030

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа консултативна средба со претставници на граѓански организации, професори и експерти од областа на животната средина, на која беа претставени нивните размислувања и предлози во однос на приоритетите во Рамката за развој МКД2030.

Претседателот Пендаровски порача дека државата е должна да обезбеди услови за остварување на правото на граѓаните за здрава животна средина и оттаму меѓу клучните теми во МКД2030 се животната средина и одржливиот развој.

Според претседателот Пендаровски, сега е вистинското време за да ги преосмислиме постулатите за нашиот економски, социјален, човечки раст и развој и да изградиме долгорочна визија и конкретен план за тоа каде сакаме да бидеме за 10, 20 или 30 години.

Кога зборуваме за животната средина и одржливиот развој, рече претседателот Пендаровски, се отвораат повеќе прашања: од загаденоста на воздухот, водата и почвата, до управувањето и еколошката преработка на отпад, правилно управување со природните ресурси, инвестирањето во заштитените подрачја, воспоставување и одржување еколошки стандарди во индустријата, зачувување на биодиверзитетот. 

Исто така, според претседателот Пендаровски, не смееме да заборавиме дека аграрните политики кои ги развиваме како држава директно влијаат на животната средина и одржливиот развој. Во таа насока, според претседателот Пендаровски, и инвестирањето во одржливи системи за производство на храна и земјоделски практики кои ја зголемуваат продуктивноста, влијаат за подобра животна средина.

Препорачуваме:

Транспортерите бараат итни мерки од Владата по енормното поскапување на горивата

Сузана Мицева

Денеска облачно со повремен дожд

Сузана Мицева

Доделени решенија за локални акциони групи