• Sun. May 19th, 2024

Транспортерите бараат итни мерки од Владата по енормното поскапување на горивата

Асоцијација на транспортери Макам-транс поднесе допис до Влада за враќање на дел од акцизата за горивата превозниците како долгорочна мерка по енормниот раст на цените на горивата.

Транспортерите дополнително бараат замрзнување на горивата или доделување субвенција за трошоците за литар/гориво во денари по примерот на европските земји.„Остануваме во надеж дека нашето барање ќе биде прифатено со цел да се намалат сите негативни влијанија од покачувањето на цените на нафтените деривати кое индиректно ќе влијае на покачување на цената на голем број услуги и производи“, објави Макам-транс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *