Македонија

Адеми на КОСАК конференција во Париз

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, г.Арбер Адеми,  учествуваше на виртуелната Конференцијата на комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки-КОСАК, што се оддржува во Франција, во рамките на францското претседателство со ЕУ.

Адеми имаше свое излагање во рамките на првиот панел посветен на „Приортетите на Француското претседавање со Унијата во периодот јануари –јуни 2022 година,, за што воведно излагање даде државниот секретар во Министерството за Европа и надворешни работи на Франција,г. Клемент Бене.

Поздравувајќи го француското претседателство, Адеми се осврна на минатата година, во која имаше позитивни обиди од страна на Португалското и Словенечкото претседателство и на Самитот во Брдо, за реализација на одлуката на Советот за почеток на пристапните преговори од 25 март 2020 година, кои не резултираа со нашата стратешка цел, а тоа е почеток на пристапните преговори.

Во контекст на нашиот актуелен билатерален спор со Бугарија, истакна дека Северна Македонија е посветена на изнаоѓање  прифатливи решенија за надминување на овој спор со Бугарија, но и на реализација на реформите кои треба да обезбедат еднаквост и подобар живот на граѓаните, а истовремено значат и приближување до ЕУ.

Препорачуваме:

Почна акција за ослободување на заробени дрвја во Скопје

Сузана Мицева

Заев по повод 9 Мај – Ден на Европа: Нашиот природен дом е Европската Унија

Битолчанец ги упатил писмените закани кон Јовески