Македонија

Комплетно вакцинирани 43,5 проценти од полнолетните граѓани во државата

Комплетно вакцинирани 43,5 проценти од полнолетните граѓани во државата.

Во текот на вчерашниот ден дадени се вкупно 4.953 дози вакцини, од кои 1.282 како прва доза, 3.064 примиле втора доза, а на 67 граѓани им е дадена трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Заклучно со 28 септември, вкупно се вакцинирани 785.693 граѓани, втора доза примиле 724.835, а трета доза – 137 граѓани. 52 % од граѓаните над 40-годишна возраст се вакцинирани со две дози, а 32 % од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Според последните извештаи, опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 47 %, а со две дози опфатени се 43,5 % од граѓаните над 18 години.

Според бројот на дадени вакцини, 38 % од целата популација во нашата земја се вакцинирани, а 35 % од популацијата во државата примиле две дози вакцина.

Препорачуваме:

Бугарски медиум пишува дека францускиот предлог бил „мачка во вреќа“

Сузана Мицева

Акција во Грчец- уапсени 21 лице

ДЗС со кампања за заштита од пожари

Сузана Мицева