• Wed. May 15th, 2024

Акција во Грчец- уапсени 21 лице

Приведено е 21 лице во полициската акција која од утрово трае во неколку скопски општини. Пронајдена а е и запленета и дрога, но и пари автомобили, мобилни телефони. Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска соопшти дека акцијата во Грчец Гази Баба, Чаир и Синѓелиќ е спроведена по опсежни мерки. Според доказите приведените лица сториле кривично дело „недозволена трговија со опојни дроги.

„Година време собиравме докази, имаше ПИ-мерки, слушање комуникации и следење. Приведени се 21 лице, тие се наоѓаат во повеќе полициски станици. А како што сум информирана, по одредени лица сѐ уште се трага“, изјави Русковска, која се надева дека утре ќе излезат на прес-конференција и ќе соопштат повеќе детали.

Русковска додаде и дека до сега нема осомничени полициски службеници. Понатаму ќе бидат вештачени одземените мобилни телефони и доколку се најде комуникација сигурно дека ќе бидат осомничени и овластени службени лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *