Регион

Заев од Струмица: Ти благодарам Коста Јаневски, твоето искуство и знаење ќе значат во извршната власт

Заев од Струмица: Ти благодарам Коста Јаневски, твоето искуство и знаење ќе значат во извршната власт. Вака му се обрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев на актуелниот градоначалник на Струмица, Коста Јаневски. Според Заев, Јаневски бил одличен градоначалник, но, решиле да се даде предност на младите кадри, а искуството и знаењето на Јаневски би биле вградени во извршната власт. За ова тој веќе зборувал со Јаневски.

И по Коста-Костадин, најави Заев и рече дека двоецот Костадинов-Даскаловски е најдоброто за Струмица.

Костадин Костадинов, пак, рече дека сака да работи во својата општина, во родното место. Вели дека вратата на неговиот кабинет секогаш ќе биде отворена за секој граѓанин.

На вечерашниот митинг во Струмица, СДСМ ја претстави и листата на советници. Претходно, претставување на кандидатите имаше и во општините Василево, Босилово и Ново Село.

Препорачуваме:

„Пчелите ќе умрат“ премиерно изведена пред струмичката публика

Сузана Мицева

Седум лица од Струмица под истрага за обид за убиство

Стојне Митева

Шар Планина од идната недела ќе се прогласи за Национален парк

Стојне Митева