Забава

Киро Донев напиша романизирана биографија за Видое Подгорец

Киро Донев напиша романизирана биографија за Видое Подгорец. Двајцата писатели долги години беа соработници и блиски пријатели, па не е чудно што токму човек што толку интимно го познавал Подгорец ја напиша и неговата биографија.

Станува збор за топло четиво со многу непознати факти и анегдоти од професионалниот но и приватниот живот на Подгорец. Неговите ставови, размислувања, идеалите што ги застапувал се пред читателите. Низ неговите изјави, но и преку сведочењето на Донев, Видое Подгорец станува поблизок за публиката.

Книгата е насловена Видое Подгорец-незавршена приказна. Издавач е здружението на граѓани Средби под јаворите-Видое Подгорец. Промоцијата ќе биде во рамки на годинешната манифестација во чест на Подгорец. Имено, станува збор за литературна манифестација за деца која се негува речиси две децении.

Промотор на книгата е Ана Витанова-Рингачева, актуелен претседател на здружението. Промоцијата ќе се одржи во Дом на култура „Антон Панов“ Струмица од 19.30 часот.

Препорачуваме:

Галерија: Пејзажи од Струмица во пролет – градот се буди

Сузана Мицева

Војвотката Камила лансира книжевен клуб на „Инстаграм“

Сузана Мицева

Костадинов: Лидерите од минатото се само за маскенбали, современите нека креираат модерни политики

Сузана Мицева