Регион

Ќе има бадникови огнови во Богданци и Стојаково

Ќе има бадникови огнови бо Богданци и Стојаково. Вака информира општината на својата веб страница. Во соопштението тие велат дека се предвидени два одделни настана.

„Имаме голема чест да Ви соопштиме дека и во 2023 година во општина Богданци ќе се оддржи настанот традиционално палење на коледарски оган,“ стои во соопштението на општината.

Во Богданци настанот ќе се оддржи во четврток, 05.01.2023 година во Градскиот парк со почеток во 19.00 часот. Настанот е во организација на две локални компании.

Во Богданци ќе земат учество локални музички изведувачи: Ристо Димитров (Тарабан) Здравко и Милош, Наталија Данаилова, Марија Ичкова, Влатко Илјачев, Слободанка Арнаудова, Бојана Дупјачанец, Јулија Јанушева балетско студио Sweet Dance и фолклорен ансамбл Мегдан.

Во петок, 06.01.2023 година, истиот настан во организација  на Месната Заедница Стојаково ќе се оддржи во населено место Стојаково во ООУ „Кирил и Методиј“ со почеток во 18.30 часот.

Препорачуваме:

Општина Струмица избрана во грант програмата за поддршка на граѓанското општество на УНДП

Годинава нема да се реализира договорениот извоз на куртовската капија

Сузана Мицева

Делото на писателите за деца Киро Донев и Видое Подгорец претставено пред научниците од регионот

Сузана Мицева