• Sun. May 12th, 2024

МТСП: Исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани ќе се изврши на 12 јануари

Министерството за труд и социјална политика, ги известува граѓаните дека паричните средства за корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 12.01 2023 година.

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе се објави на 5-ти јануари 2023 година.

Списоци и каде ќе бидат објавени

1. На веб страната на Министерството за труд и социјална политика (корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош).
На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување)

2. На веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок).

Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка. Доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор. Приговорот се поднесува до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при МТСП. Рокот е три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка, велат од МТСП.

Приговорот може да се поднесе преку архивата на МТСП или преку електронската пошта mtsp@mtsp.gov.mk.

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб страната на Министерството за труд и социјална политика, веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, по истекот на три дена од денот на објавувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *