• Fri. May 10th, 2024

Јавен увид на Урбанистички проект за фотоволтаични електрани во Ново Конско

Општина Гевгелија организира Јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за фотоволтаични електрани со намена е 1.13.

Станува збор за Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште во КО Ново Конско, КП број 583. Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, односно од 22 јули до 5 август, 2022 година. Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште, КП 583, КО Ново Конско, општина Гевгелија е објавен на официјалната веб-страна на Општина Гевгелија, во делот Соопштенија.


          Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени заблешки, предлози и мислења на анкетни листови кои можат да ги најдат во електронска форма на официјалната веб-страна на Општина Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *