• Fri. May 17th, 2024

Хидросистемот Ѓавато мора да работи во лето-Дојранското Езеро има потреба од свежа вода

Хидросистемот Ѓавато мора да работи во лето-Дојранското Езеро има потреба од свежа вода.

Државата ќе мора да најде начин да го стави во функција, вели дојранскиот градоначалник Анго Ангов. Тој дури се нафаќа под утврдени услови да го преземат заедно со општина Богданци со цел да им користи на граѓаните, но и на езерото.

Ангов тврди дека езерото е со безбедна вода за капење, но дотурот на свежа вода е неопходен.

Изминатите денови кога почнаа горештините многу дојранчани споделуваа видеа од езерото на кои тоа изгледа доста матно и бараа одговори која е причината за тоа.

Дојран го живее врвот на туристичката сезона. Капацитетите се полни, а има и голем број туристи од соседните земји, особено такви кои патуваат на одмор во Грција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *