Регион

Стара куќа зафатена од пожарот кај Ѓавото-огнот пресечен на стотина метри од селото

Една стара куќа е зафатена од огнот кај Ѓавото, но според Центарот за управување со кризи селото ќе се спаси од пожар. На официјалната фејсбук страници тие информираа дека огнот е пресечен пред селото.

„Со голем ангажман на пожарникарите и лицата коишто го бранеа селото Ѓавато од огнената стихија, огнот е контролирано пресечен на 150 метри од селото и свртен во правец на црквата и гробиштата и не е навлезен во селото, според досегашните информации.
Дежурните пожарникарски мешани екипи се распоредени со возила на 50 метри во линија пред селото и ќе се обидат да ја одбранат таа линија до утре наутро.
Огнот за сега има зафатено само една стара куќа на перферија од селото, а пожарникарите ја гасат во моментов,“ велат од ЦУК.

Препорачуваме:

Температури над 41 и УВ – индекс 9

Стојне Митева

Заврши одбележувањето на Детската недела

Расте бројот на плаќања со картички, на дигитални плаќања како и преку електронско банкарство