Регион

Со „Македонски шлагери“ утре почнува СОФ

Македонските шлагери утре ќе прозвучат од малиот градски парк. Со овој музички настан и официјално ќе започне годинешното издание на Струмица опен фестивал. Станува збор за тринеделна програма којашто според организаторите ќе понуди настани за сите вкусови и генерации.

1 недела

Култура и забава со звуците на безвремените македонски шлагери Љубомир Митровски, Денис Кирчанов, Боби Ѓошиќ, Игор и Даме,  со филмските проекции на добитниците на Оскари и меѓународни награди – македонските играни филмови „Налепница“, „Баскет“, „Стела“ и „Сестри“. Со стиховите афоризми исполнети со сатира и смеа со Ацо Ѓоргиев и Ристо Филчевски Струмица, Јане Атанасов, Ружа Стојмилова и Ленче Стојменова од Кочани, како и Марија Ранѓеловиќ Белград, Р.Србија. Стихови на поезија за душа со Вања Изова Велева Струмица и Стефан Марковски од Гевгелија.

И во ритамот на традицијата – Концерт на фолклорна низа за сите љубители на танцот, македонската традиција и култура.

2 недела

Спортуваме со Balans Bike, Вело тура, се натпреваруваме во шах, board games, Street basket , вежбаме во парк со Лени и се рекреираме по ноќните патеки до Цареви Кули.

3 недела

Летна школа за гитара под менторство на Васко Пиличев

 AIR STRINGS, Мак фест ѕвездите низ времето , струмичките YU FOR YOU, Игор Џамбазов и Гуру харе, концерт во спомен на најголемата музичка ѕвезда Гоце Арнаудов  . Коста Хаџикојчев Влатко Лозаноски.

Препорачуваме:

Пуштена во употреба реконструираната градинка „Сонце“ во Ново Село

Се одржа прес-конференција по повод премиерата на претставата „Црна дупка“

Ѓ. K.

Кои кандидати за пратеници се на добитните места од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во Југоистокот?

Сузана Мицева