Регион

Јаневски во 10 најдобри градоначалници според анкета на МЦМС

Струмичкиот градоначалник Коста Јаневски во 10 најдобри градоначалници според анкетата на МЦМС. Според одговорите на граѓаните, Jаневски се наоѓа на деветата позиција, со 2.4%. Со истиот коефициент се и градоначалниците на 7 и 8 позиција, Стефан Богоев на општина Карпош и Борче Митевски, градоначалник на Петровец. И градоначалникот на десетата позиција, после јаневски е со ист рејтинг, Саша Богдановиќ од општина Центар.

Инаку пред неколку денови, во емисијата Vis a Vis јаневски рече дека доколку ја добие доверната од граѓаните, ќе се кандидира и за втор мандат.

Јаневски претходно беше пратеник во Собранието, но и советник во Советот на општина Струмица. Тој е лекар-специјалист интернист по професија.

Препорачуваме:

Обука за промоција на хумани вредности во Црвен крст, Струмица

Dimitar Micev

Југоистокот на првата вечер од полицискиот час за оваа година регистрира само едно прекршување

Кај пациент од Гевгелија откриен корона сојот Кракен, соопшти ИЈЗ

Ване Трајков