Македонија

Најавена целосна дигитализација на судството

Целосно дигитализирање на повеќе од 100 судници низ 34 судови во земјата, како и судниците во рамки на Академијата за судии и јавни обвинители и затворот „Идризово“, најави Владата. Според Премиерот Заев, тоа ќе биде голем технолошки напредок. Владата презема обврска да обезбеди средства за одржување на опремата која ќе биде инсталирана во судовите, но и јакнење на човечките ресурси потребни за работа.

Заев на денешната  прес-конференција посочи дека со дигитализацијата на судството ќе се постигне поголема ефикасност и транспарентност на правосудните органи, олеснет пристап до правосудните постапки за сите и намалени трошоци.

Дигитализација во правосудството според Заев, ќе помогне во унапредување на независноста на судството и непристрасноста, со сведување на минимум на човечкиот процес.

Како што истакна министерот за правда Бојан Маричиќ токму ковид пандемијата била  дополнителен катализатор што на површина ја исфрлила потребата од  дигитализацијата  со која, како што додаде, ќе се заштити здравјето на граѓаните, а постапките ќе течат непречено.

Процесот на дигитализација на македонските судови директно, финансиски, технички и стручно ќе го помогаат ОБСЕ, Соединетите Американски Држави, Европската комисија и норвешката Влада.

Препорачуваме:

Матарела: Без Западнен Балкан, Европската Унија нема да биде целосна

Рекорден буџет од 28 милиони евра за оперативниот план за 2022 година најави министерката Тренчевска

Ковидот лани го намали бројот на туристи за речиси 720000 во однос на 2019 година