Регион

Изложба на делата на Видое Подгорец во струмичката библиотека

Во струмичката библиотека изложени делата на најплодниот македонски автор за деца, Видое Подгорец. Во пресрет на годишнината од неговата смрт, 14 април, раководителката на роднокрајното одделение при библиотеката Благој Јанков Мучето, Тања Гошева, традиционално ги изложи делата на Подогрец во приемниот дел на библиотеката.

На тој начин Гошева вели дека му се оддава почит на големиот автор, кој создал 108 книги, а некои од нив се преведени на 17 јазици.

„Книгата „Белото циганче“ се уште се работи како лектира во основните училишта во државата. Најплодниот автор за деца ги сакаше децата и со голема љубов твореше за нив. Читајќи ги неговите дела и возрасните горди сме на сите негови преубави описи во творештвото. Нема читател кој не би се релаксирал читајки ги неговите дела. Тогаш сите се враќаме во детството, на полињата помеѓу убавината, радоста, копнежот. Сето она што не прави среќни. Видое ќе постои се додека читателите ги читаат неговите дела,“ вели Гошева.

Еве како изгледа изложбата во библиотеката „Благој Мучето“

Препорачуваме:

Градоначалникот Костадинов зборуваше на завршната конференција на проектот „Со Локални совети за превенција кон подобрена соработка“

Ѓ. K.

Секоја општина со посебни одлуки за земјоделците: Гевгелија ги прима пријавите, Струмица упатува до СВР и МЗШВ

Сузана Мицева

Грантот од 50 илјади швајцарски франци за компјутери во валандовските школи и училишен медиум, одлучија валандовчани

Ване Трајков