• Tue. May 21st, 2024

Секоја општина со посебни одлуки за земјоделците: Гевгелија ги прима пријавите, Струмица упатува до СВР и МЗШВ

Земјоделците од Југоистокот се збунети и тврдат дека не знаат каде да се обратат за барања за дозвола за движење надвор од атарот на населените места. Додека општина Гевгелија ги повикува земјоделците да поднесуваат барања во просториите на општина секој работен ден, општина Струмица упатува директно до СВР Струмица и подрачната единица на МЗШВ. 

Од општина Гевгелија велат дека со одлука на општинскиот кризен штаб се известуваат сите земјоделци, сточари и други лица, чии земјоделски посеви и објекти се надвор од атарот на местото на живеење, за движење во времето на забраната за движење треба да се пријават во Општина Гевгелија. Односно, лицата кои сакаат дозволи за движење треба да достават матичен број, адреса на живење, телефон и број на катастарска парцела). Општина Гевгелија списокот на лицата кои се пријавиле за добивање дозвола за движење, го доставува до ОВР- Гевгелија. Барањата се пријавуваат во Општина Гевгелија од 10 до 14 часот.

Струмица, пак, известува дека Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување при општината, не смее да издава дозволи за движење на лица за време на забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.
Заинтересираните субјекти своите барања да ги достават до надлежните државни институции, односно до министерството за внатрешни работи и министерството за информатичко општество и администрација.

Земјоделците коишто ги контактираше канал ВИС велат дека ниту имаат дозволи ниту знаат каде да се обратат за да ги извадат. 

Од почетокот на забраната за движење до сега се носеа неколку различни одлуки за дозволи за движење за земјоделците што дополнително внесе забуна кај градинарите од овој регион, кои во моментов имаат работа околу бербата на првите култури.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *