• Tue. May 14th, 2024

22 граѓани го прекршиле полицискиот час

ByВане Трајков

Apr 13, 2020

На 12/13.04.2020 година на подрачјето на СВР Струмица 22 граѓани, од кои две малолетни лица и едно лице постаро од 67 години ја прекршиле наредбата од страна Владата на РСМ и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период. Притоа, 15 лица, меѓу кои две малолетни и едно лице постаро од 67 години се затекнати на подрачјето на Полициска станица Струмица, пет на подрачјето на Полициска станица Гевгелија и две на подрачјето на Полициска станица Радовиш. Во просториите на полициските станици се приведени седум лица.
На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица се евидирани 30 нови лица со изјава за самоизолација, а вкупно се извршени 21 контрола над лица кои со решение од Државен здравствен и санитарен инспекторат се во домашна изолација и 72 контроли над лица кои се во самоизолација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *