• Fri. May 17th, 2024

Утре промоција на книгата „Мисли и размислувања“ од Антон Панов

Утре, во центарот за култура ќе се промовира книгата „Мисли и размислувања“ од Антон Панов. Станува збор за необјавувани материјали од познатиот драмски автор. Книгата ја уреди Ѓорги Панов, внук на Антон Панов. Тој ги барал овие оригинални, необјавувани материјали во архивите на Македонската академија на науките и уметностите. Обие белешки, размислувања, ставови на Панов биле во ракописна форма, што може да се види и од приложените фотографии во книгата.

Издавач на книгата е Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица. Како што вели издавачот, книгата не е голема по обем, но е значајна бидејќи јавноста ќе може да го запознае авторот од еден друг агол, низ неговите лични белечки и ракописи.