Македонија

Ивент-индустријата од денес на протести пред Владата

Ивент-индустријата од денес на протести пред Владата. Денес, во 12 часот, пред Владата почнува протестот на компаниите од индустријата за организација на настани.

Тие најавија протести секој ден од 12 до 15 часот сѐ до постигнување на заемно прифатливо и одржливо решение.

„Тоа што Владата деновиве го претставува како помош, ниту е помош ниту е планирано да бидат опфатени сите засегнати компании. Да потсетиме, според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62,103 % за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии. Нашите компании се пред колапс“, велат од Асоцијацијата ИВАП.

извор: Макфакс

Препорачуваме:

Франција сѐ уште не донела одлука дали ќе нѐ поддржи за старт на преговорите со ЕУ

Денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни

Ѓ. K.

МОН: Меѓу учениците само 0,01% активни случаи